Волшебна Македонија (петти дел) Кога Александар Македонски се спуштал под вода

Сподели

Фељтон на ЛОЗА: Волшебна Македонија

пишува: м-р Никола Ристевски

Кога Александар Македонски се спуштал под вода

Пред многу години Роџер Бејкон – Doctor Mirabilis, запишал за начините на коишто човекот може безбедно да се спушта под вода. Во Тетратките на Леонардо да Винчи е опишан неговиот костум за нуркање, кој како и другите изуми на Леонардо бил многу инвентивен за времето во кое живеел. Но, дали луѓето успевале да нуркаат и многу поодамна?

Аристотел во „Problemata“ ни раскажал една од многуте приказни за Александар Македонски. За време на опсадата на Тир, тој наредил нуркачите да ги уништат сите подводни одбранбени механизми на градот.

Според легендата, самиот Александар се спуштал под вода во стаклено ѕвоно за да ги набљудува операциите. Во „Alexandria“ се споменува сличен податок, дека Александар нуркал во многу убаво направено буре, кое целосно било изработено од бело стакло…

Уште еден извор за нуркањето на Александар Македонски е оној од 1886 година, од Франција, каде е запишано дека уште на 11-годишна возраст Александар се спуштал под вода во стаклено ѕвоно. Ова ретко се споменува во денешните написи за Александар Македонски, но во средниот век било претставено во многу книги и уметнички дела.

Текст напишан во 2015, објавен во книгата „Имагинариум“ во 2016 година.

Фељтон на ЛОЗА: Волшебна Македонија

пишува: м-р Никола Ристевски


Сподели