Григор Прличев за Александар Македонски

Сподели

Повторувам, оти учителите не се должни да проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги родила светите Кирил и Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великаго го покорија целиот свет и го натераа да гувее пред македонскиот престиж, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението… Не е ли гревота, учителите со жар и ревност да доаѓаат да и послужат на Македонија, а ние со камен да ги побиваме?

– Григор Прличев, Слово на свети Кирил и Методиј


Сподели