Каде е гробот на Хирам Абиф?

Сподели

Храмот на човечката природа е незавршен и не знаеме како да го довршиме. Недостатокот од планови и скици за регулирање на немирите на поединечниот и општествениот живот на сите нам ни укажува дека некоја тешка несреќа го спопаднала човечкиот род. Отскуството на јасно и водечко начело на животот во светот потсетува на крајниот метеж во кој отсуството на таа Врвна мудрост, која е олицетворена како Хирам, не фрлила сите, и предизвикува секој ум кој размислува да го припише неговото мистериозно исчезнување на некоја фатална катастрофа. Сите копнееме по таа светлина и мудрост која станала загубена за нас. Како занаетчијата во потрага по телото, ние одиме по различни патишта во потрага по она што е изгубено. Многумина од нас не доаѓаат до важно откритие во текот на нашите животи. Загубеното го бараме во задоволството, во работата и во сите разновидни слободни активности и разонода на нашите животи, го бараме во интелектуалните дејности, во религијата, во масонеријата, и оние кои бараат најдалеку и најдлабоко се оние кои стануваат најсвесни за загубата и кои се принудени да извикнат – Махабон! Макбенак! Мајсторот е убиен!

Хирам Абиф е убиен. Големата светлина и мудроста кои се одредени да го водат и просветлат човештвото – ни недостасуваат. Целосниот блескот од светлина и совршеното знаење кои требало да бидат наши се исчезнати од човештвото, но во Божјото провидение сеуште за нас останува една светлина која трепка на исток.

Каде е закопан Хирам? Мудриот цар Соломон наредил тој да се погреба во гробница надвор од Светиот град, во гроб од средиштето три стапки меѓу север и југ, три стапки меѓу исток и запад и пет стапки, или повеќе, вертикално. Браќа, каде мислите дека се наоѓа тој гроб?

Гробот на Хирам сме ние. Секој од нас е гробница во која е погребан убиениот Мајстор. Ако не го знаеме ова, тогаш тоа е уште еден знак на нашата неукост…

– The Meaning of Masonry, W.L.Wilmshurst 1927


Сподели