Неколку мисли на Гоце Делчев

Сподели

* „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

* „Ќе удри утринската зора и за нас…”

* „Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.”

* „Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!”

* „Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“.

* „Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух”.

* „Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.”

* „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со народ кадаред да ги понесе сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница.”

* „Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце”.

* „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

* „Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“

* “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”.

* “…Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…”

* “Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?”


Сподели