Тажната песна на Цепенков – „Редењето на дедо Марко Цепенко“

Сподели

РЕДЕЊЕТО НА ДЕДО МАРКО ЦЕПЕНКО
Македонец жално тажи
Гледаеќи страшни маки,
Извршвани от зли Турци,
Над своите мили браќа
И над својте мили сестри
Избиени, ограбени,
Домаќини запустени,
От пусти страф распадени
От својата татковина,
Да се скитат по чузбина,
По чузбина: Бугарија,
Бугарија и Србија
И дури до Влашка земја
Пеши одат, сиромаси,
Голи, боси, измачени,
Лицата им поджолтнати,
Как от зандан извадени;
Тежок тоар на рамена,
Сфоите сакми парталаи,
На главите со фесои,
Со фесои смолосани;
Под мишкви си носат торби,
И торбите парталаи,
А во торби ржан лебец.
Манџа им е сол, пиперец.
Тие одат на работа,
Камен, дрво да ми толчат,
За пет пари да спечалат
И дома си ,да ,ги вратат,
Тешка вергиа да платат,
За падари зулумќари.
После што ќе им остани,
За челадта да се рани?
Цело лето си работат,
Камен, дрво тие толчат,
Пот со оки ќе истурат,
За пет пари да спечалат,
В есен тие ќе се враќат,
За у дома ќе си идат,
Пуста куќа да си видат.
Зер не знајат, сиромаси,
На пат ниф што ќе и најде,
От проклети арамии,
Арамии, ќесеџии,
Што и чекат да и слечат,
Петте пари да му земат,
Како офци да исколат,
По патишта, по долишта,
Отепани, расфрлани,
Да и јадат орли, врани!
Кој народ е толку мачен?
Клети едни Македонци.
Ој ви, браќа Македонци,
Што сте во слободна земја,
Бугарија и Србија,
И дури во Влашка земја?
Ме слушате што се врши
От проклети ќесеџии
На нашите мили браќа,
Наши браќа, наши сестри,
Мили сестри, наши сестри,
Мили сестри, жални мајки?
Што е чесно, с’ обесчести,
Што е мирно, отепаа,
Отепаа, ограбиа,
Моми, деца, истурчиа,
Учените распадиа!
Мољам ви се, милн браќа,
Работете, живи Бога,
Соберете ваша сила,
Ако краљи и цареи
Молбата не ви ја чујат,
Сами да се запрегниме,
Пушки в раце да земиме,
Арамии да тепаме,
Арамии, ќесеџии,
Што не мачат пет векои:
Ја слободни да бидиме,
Ја поарно да умриме,
От колку да се мачиме!
Турци диви, Арнаути,
Како жени да не колат.


Сподели