Koj ќе ја извади сабјата од карпата?

Сподели

На читателите кои се интересираат од митологија, но и на оние кои имаат доволно разнообразни познавања, добро им е позната легендата за кралот Артур, Мерлин и мечот кој Артур успеал да го извлече од каменот…

Во книгата „Македонски народни преданија“ од Танас Вражиновски, објавена пред повеќе од три децении, се содржани легенди кои биле собирани од многу информатори ширум Македонија. Во делот со преданија за Крал Марко, читаме две преданија во кои се раскажува дека „кога се појавило оружјето, Крал Марко се сокрил и ќе се врател кога ќе го снемало оружјето“. Во едно од преданијата, се раскажува дека „кога се скрил во пештерата, ја забил сабјата во една карпа и го фрлил самарот од коњот Шарац“.

„Кога сабјава ќе испадне од карпата и седлово ќе се качи на Шарац, тогаш јазе ќе се разбудам и пак ќе испаднам да царувам…“

Сабјата или мечот во камен, односно карпа, несомнено потсетува на легендарниот меч Екскалибур…

Преданието за оружјето и Крал Марко е содржано и во Зборникот на Шапкарев, каде пишува и дека „Марко станал бесмртен оти пиел бесмртна вода која му ја дале самовилите, неговите посестрими“.

Дедо Варадин

ЛОЗА, декември 2019

Преданија за Крал Марко можете да читате на следниов линк – клик


Сподели